1. Управувач на дигалка
Опис на работното место:
- Управување со мостни и полупортални дигалки (кранови);
- Пренесување и складирање на товар со дигалките со помош на куки, магнети и клешти во погоните;
- Навремено и правилно снабдување на постројките со потребните материјали за континуирано одвивање на работните процеси;
- Грижа за правилно експлоатирање на дигалките;
Основна одговорност: навремено и квалитетно вршење на работните активности со цел обезбедување континуиран процес на производство и строго почитување на процедурите за безбедност при работа.
Работни услови: работа во три смени во погонски услови, работа на височина.
Основни квалификации на кандидатите:
- Средно образование.
Дополнителни квалификации на кандидатите:
- Способност и желба за тимска работа;
- Флексибилност, приспособливост и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
- Совесност за безбедноста при работа;
- Способност за работа под притисок и со рокови.