Податоци за акциите
Акциите на Макстил АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од декември 2002 година.
Акциите на Макстил АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од декември 2002 година.
Вкупниот број на одобрени и издадени акции е 14.622.943 со номинална вредност од ЕУР 5,11 по акција.
Сите издадени 14.622.943 акции се обични акции.
Обичните акции им даваат на сопствениците право на:
1. Глас во Собранието на Друштвото
2. Исплата на дел од добивката (дивиденда)
3. Исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на Друштвото