Во валавницата се врши загревање на слабовите во потисна печка и потоа на реверзибилниот валачки стан се преработуваат во лимови, се ладат на ладилник и потоа се врши нивно сечење со механички ножици или со оксигени секатори, согласно нарачаните димензии. Опремата во валалницата се состои од автоматски систем за валање — АГЦ систем, мерач на дебелина на лимови со Х-зраци, линија за сечење на лимовите, пескарница и фарбарница. Произведените лимови својата примена ја наоѓаат во бродоградбата, садови под притисок, градежни мостови, рударски и индустриски машини, структури на ветерници, секаде каде што е потребен висок квалитет и голема јачина на материјалот.
Конкурентската предност на Макстил се состои во способноста да постигне многу кратко време на испорака и поддржува нарачки со сложени спецификации, без ограничувања за нарачаната количина и квалитет.