Донации и спонзорства

Компаниската политика за влoжување на средства во донации и спонзорства се заснова на определбата за поддршка и развој на области од јавен интерес кои едновремено создаваат позитивна перцепција кај заинтересираните страни и целата општествена заедница.

Секоја година Макстил поддржува различни проекти од доменот на социјалниот и општествениот развој.

Макстил ги поддржува и вложува во следниве области:
  • Здравство - превентивна здравствена заштита, промоција на здравиот начин на живот, како и поддршка во обезбедување на опрема и ресурси за јавните здравствени институции,
  • Образование и едукација - поддршка на програми коишто помагаат за подобрување на образовниот систем,
  • Култура – поддршка на програми и активности за промовирање на културата,
  • Спорт – поддршка на програми за унапредување на спортот и развојот на младите,
  • Проекти за поддршка на локалната и пошироката општествена заедница.
Области за донации:
  • Здравствена и превентивна здравствена заштита (на маргинални групи и лица), вклучително и превентивни активности,
  • Социјална добросостојба и поддршка на програми што ги подобруваат животните услови на лицата со посебни потреби,
  • Екологија, поддршка на проекти за заштита и подобрување на животната средина;
  • Развој на наука и образование,
  • Промоција на спортски активности.
Области за спонзорства:
  • Спорт и поддршка на спортски клубови или спортист настани;
  • Конференции, деловни и професионални настани; истражување и развој;
  • Образование и дополнителна едукација;
  • Култура и уметност.
Како да аплицирате за донации и спонзорства

Вашите барања за донации и спонзорства можете да ги испратите преку:

  • Нашата е-мејл адреса: csr@makstil.com.mk или 
  • Да ги доставите на нашата адреса: Макстил АД – Скопје, Оддел за односи со јавност и инвеститори, 16 Македонска бригада бр. 18, 1000 Скопје.
При аплицирање потребно е да ги обезбедите следниве информации:
  • Информации кои се однесуваат на проектот или настанот,
  • Информации за организацијата,
  • Опис на проектот/настанот,
  • Висина на потребниот износ за проектот,
  • Други информации кои би ни помогнале при евалуација на проектот.

Барај