Неенергетски придобивки од имплементацијата:
- Подобрување на продуктивноста;
- Намален е ризикот од нарушувања во снабдувањето со енергија, како и од ценовните пикови;
- Се намалуваат емисиите.
Компанијата Макстил е посветена на одговорно користење на електричната енергија и настојува да ја намали потрошувачката на енергија. Макстил придонесува и за одржливо општество со користење на најновите технолошки достигнувања и посветеност на вработените и има за цел да го намали непотребното губење на енергија, преку запознавање на вработените со важноста на управувањето со енергијата, постојано подобрување на енергетските перформанси, подобрена документација и информации за потрошувачката.