Политика на приватност

Макстил се повикува на Политиката на приватност на DITH Group

ВОВЕД

Duferco International Trading Holdings S.A. (“DITH”, „ние“  или „нас“ или „нашата“) е посветен на одржување разумни мерки на претпазливост во врска со безбедноста на сите информации што му се дадени и почитување на приватноста на лицата со кои комуницираме; вклучително и во овој случај, посетителите и корисниците на нашите веб-страници и други форуми на Интернет.

ЦЕЛ

Политиката за приватност на веб-страницата, заедно со нашите „Услови за користење“, ја утврдуваат основата врз која сите лични податоци собрани или обезбедени од страна на DITH преку своите веб-страници и други форуми на Интернет ќе бидат третирани и обработени.

ОПСЕГ

Политиката за приватност на веб-страницата е донесена заедно со нашето Известување за заштита на податоците. Во случај на конфликт меѓу Политиката за приватност на нашата веб-страница и нашето Известување за заштита на податоците, ќе се примени Известувањето за заштита на податоците.

При посетата на оваа веб-страница, при комуницирањето со нас и доставувањето на вашите лични податоци до веб-страницата на DITH вие потврдувате дека се согласувате ние да ги обработуваме податоците во согласност со условите опишани во Политиката за приватност на веб-страницата.

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ПРИБИРАЊЕТО, УПОТРЕБАТА И ОТКРИВАЊЕТО НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КАКО ШТО Е ОПИШАНО ВО ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ НА НАШАТА ВЕБ-СТРАНИЦА, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ЈА КОРИСТИТЕ НАШАТА ВЕБ-СТРАНИЦА.

ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ И / ИЛИ ПРИБИРАЊЕ ОД СТРАНА НА DITH

DITH не врши прибирање на лични податоци од својата веб-страница, освен кога тоа е конкретно одобрено од корисникот. Сепак, корисникот треба да знае дека додека ја посетува нашата веб-страница, одредени стандардни податоци може да бидат снимени пасивно, поради интеракцијата на вашиот интернет-пребарувач со веб-страниците. Ова вклучува, но не се ограничува на IP-адресата (адреса на интернет протокол), применливиот интернет-пребарувач и оперативните системи; избраниот јазик; временската зона, локацијата и бројот на пристапувања на корисникот. Покрај тоа, ние користиме технологија за следење во форма на „колачиња“ или друга слична технологија, која дава информации за тоа како корисникот ја користи нашата веб-страница. Генерираните податоци, меѓу другото, вклучуваат: посетеност на страницата; интеракција и фреквенција на кликнувања. Снимените податоци се чуваат анонимно и корисниците се насочени кон нашата Политика за колачиња за повеќе информации.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Ние се обврзуваме да ги преземеме сите потребни чекори за да спречиме податоците на корисниците да бидат откриени на трети лица. Податоци ќе ги откриеме на трети лица единствено доколку тоа е потребно за правни или регулаторни цели.

ПРИСТАП ДО ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ

Оваа Политика за приватност е применлива единствено за веб-страниците на DITH. Веб-страниците на трети лица кои не се под контрола на DITH, сепак би можеле да бидат достапни од веб-страницата на DITH преку употреба на хиперврски. Овие линкови се дадени само за можност и во ниту еден случај употребата на линкот не треба да подразбира наше одобрување на содржината на тие веб-страници.

DITH не е одговорен за содржината, ниту за политиката на приватност на веб-страниците на трети лица. На корисниците им советуваме да се запознаат со соодветните правила и услови за користење пред да пристапат на други веб-страници.

ПРОМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика за приватност може да биде ажурирана без најава. Сите направени промени ќе бидат објавени на оваа веб-страница. Ги советуваме корисниците редовно да ја посетуваат веб-страницата со Политика на приватност, со цел да се запознаат со сите нови промени или последни ажурирања.

За дополнителни информации, ве молиме погледнете ги Условите за користење на оваа веб-страница.

КОНТАКТ

За сите прашања што се однесуваат на политиката на приватност може да се обратите на следнава имејл-адреса info@dith.com

Во случај на разлика помеѓу преводот на македонски јазик и англиската верзија, англиската верзија ќе биде земена за меродавна.

Барај