Наша основна активност е производство на лимови, надополнување на групацискиот производен асортиман, кој едновремено ги поврзува индустриското производство и одржувањето на залихите во дистрибутивните центри.
Макстил е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Производството е основа на целокупното наше работење.
Како независен производител на топловалани дебели лимови, ние го надополнуваме широкиот асортиман на групацијата.


.png)
Преку меѓународните групациски продажни канали, нашиот производ се пласира на разни трговски дестинации на неколку континенти, притоа исполнувајќи ги барањата дури и на најпребирливите купувачи.
Трговската и дистрибуциска мрежа на DITH во Лугано е одговорна за околу 80 % од целата продажба на нашиот производ на регионалните пазари на ЕУ и во САД, Канада, Средниот Исток и Северна Африка. Маркетинг-тимот на Макстил во Скопје управува со директната домашна продажба, вклучувајќи ги: Турција, Романија и балканските држави.

.png)
Макстил има воспоставено долгорочни односи со купувачите, засновани на заемно разбирање и почитување и истовремено обезбедува:
o Флексибилност при испораката на потребниот материјал за одредени проекти, во точно бараниот распоред за испорака;
o Кратко време на испорака;
o Сложени спецификации, при што купувачот не е ограничен во поглед на бројот на нарачани парчиња, димензии и квалитети во опсегот на производство на Макстил;
o Одлична постпродажна услуга, со многу кратко време на одговор.
