Бизнис стратегија на Макстил

Бизнис стратегијата на Макстил е цврсто инкорпорирана во деловната стратегија на DITH. Макстил ги следи трендовите во побарувачката и ги интензивиравме нашите напори да ги контролираме трошоците за да ги надминеме нашите конкуренти. Оперативната извонредност, заштитата на животната средина и здравјето и безбедноста, се нашите најголеми приоритети, и се во основата на нашата стратегија.
Макстил развива долгорочна конкурентна стратегија за домашниот и за меѓународниот пазар, и настојува да ги антиципира промените на глобалниот пазар. Компанијата развива стратешки микс, кој е составен од неколку индивидуални стратегии.

Најважните индивидуални стратегии на Макстил се следниве:

Makstil Principles
Ценовно ориентирана стратегија.

Ценовно ориентирана стратегија

Стратегија со фокус на подобрувањето на перформансите преку намалување на трошоците по единица производ. Ова треба да се постигне со спроведување политика на инвестирање во технологии и проекти што придонесува за намалување на трошоците.

Стратегија ориентирана кон квалитет

Стратегија ориентирана кон квалитет

Стратегија фокусирана на континуирано подобрување, постигнување на највисоки стандарди за квалитет и подигнување на свеста и определбата за квалитетот на сите нивоа во компанијата.

Стратегија ориентирана кон купувачите

Стратегија ориентирана кон купувачите

Стратегија посветена на создавање долгорочни односи со купувачите, задоволување на потребите на потрошувачите, флексибилност во обезбедувањето кратки рокови на испорака, испораки за сложени спецификации и одлична постпродажна услуга.

Стратегија за човечки ресурси

Стратегија за човечки ресурси

Стратегија фокусирана на создавање здрава, безбедна работна средина, почитување на различностите на вработените и обезбедување обука и развој на вработените, со цел нивна подготовка и мотивација насочена кон раст на компанијата.

Барај